Услови и политики

Последно ажурирање: 31 октомври 2026

Услови за користење

1. Услугата

Servisersoft е веб софтвер за сервиси и транспортни фирми: работни налози, магацин на делови, фактури и возен парк.

2. Сметка

Одговорни сте за лозинките и за сите корисници што ги поканувате во вашата фирма.

3. Плаќање

Месечна претплата според договорената понуда, однапред, со фактура. Тест месец само на барање. Ако претплатата не е платена, пристапот се заклучува.

4. Вашите податоци

Податоците што ги внесувате се ваши. Ги обработуваме само за да ја испорачаме услугата. Види Политика за приватност.

5. Откажување

Секоја страна може да откаже на крајот на платениот период.

Политика за приватност

1. Кој ги обработува податоците

За податоците што фирмата ги внесува за своите клиенти и вработени, фирмата е контролор, а ние обработувач.

2. Што собираме

Само податоците колку што е потребно софтверот да работи како што е наменет.

3. Зошто

Податоците ги користиме само за софтверот да работи, за да ви помогнеме кога ќе ни се обратите и за да ви издадеме фактура. Не ги продаваме никому и не ги користиме за реклами.

4. Колачиња

Користиме само неопходни колачиња: за да останете најавени, за да се запамети јазикот што сте го избрале и за да знаеме дека овој прелистувач го користи наш корисник.

5. Безбедност

HTTPS, шифрирани лозинки, одделени податоци по фирма и ограничен пристап до серверот.

6. Ваши права

Можете да побарате пристап, исправка, бришење или копија од вашите податоци на [email protected]. Одговараме во рок од 30 дена.

Политика за поврат

1. Плаќање

Претплатата се плаќа однапред, со фактура, во денари (за странски фирми во евра).

2. Без поврат

Платениот период не се враќа, ниту делумно. Затоа на барање нудиме тест месец пред да платите.

3. Откажување

Ако откажете, софтверот можете да го користите до крајот на периодот што сте го платиле. После тоа нема да добивате нови фактури.

4. Податоци по откажување

Ги чуваме 30 дена, ако сакате да продолжите, а потоа ги бришеме. На барање ви ги испраќаме вашите податоци пред бришењето.