е-Фактура (УЈП)

е-Фактура: што треба да знаете

Според Предлог-законот за електронско фактурирање, фирмите ќе мора да ги издаваат фактурите преку системот на УЈП. Еве што се менува и кога.

Законот сè уште е предлог и не е донесен. Датумите подолу се од предлогот и може да се сменат.

Кога стапува

  1. 01.10.2026

    Доброволно пријавување. Кој ќе се пријави, мора да фактурира само преку системот.

  2. 01.04.2027

    Задолжително за ДДВ обврзниците.

  3. 01.07.2027

    Правни лица што не се во ДДВ.

  4. 01.10.2027

    Буџетски корисници.

  5. 01.01.2028

    Сите што вршат промет.

Што се менува

Фактурата оди преку УЈП

Секоја фактура се испраќа во системот на УЈП. Фактура што не е издадена преку системот се смета за неиздадена.

Потпис со сертификат

Фактурите се потпишуваат со квалификуван дигитален сертификат на фирмата.

QR код на фактурата

Секоја прифатена фактура добива број и QR код од УЈП што се печати на неа.

Без менување после издавање

Издадена фактура не може да се измени. Грешка се поправа само со сторно или корекција преку системот.

Влезни фактури од добавувачи

И фактурите што ви ги праќаат добавувачите стигнуваат преку системот. Ги прифаќате или одбивате до 10-ти во следниот месец, инаку се сметаат за прифатени.

Servisersoft и е-Фактура

Подготвуваме поддршка за е-Фактура во двете насоки:

  • Излезни фактури: фактурите што ги издавате од Servisersoft одат директно во системот на УЈП, без препишување.
  • Влезни фактури: фактурите од добавувачите се вчитуваат од УЈП во Servisersoft, а деловите влегуваат во магацин и трошокот се запишува, без рачен внес.