Софтвер за сервис на возила

Дигитално и независно
управување со вашиот сервис

За сервиси и транспортни фирми: работни налози, магацин на резервни делови, сервисна историја и трошок по возило, сето тоа на едно место.

Функциите на вашиот сервис

Автоматски внес на делови

servisersoft

Скенирање фактура…

Често поставувани прашања

Дали е погоден за транспортни фирми без сопствен сервис?▾

Да. Фактурата од надворешниот сервис едноставно ја сликате, а Сервисерсофт автоматски ги евидентира вградените делови и трошоците на соодветното возило. Така имате целосна сервисна историја и преглед на трошоците за секој камион, приколка или патничко возило, без разлика каде е сервисирано.

Дали моите податоци се безбедни?▾

Вашите податоци се хостирани во сигурен сервер во Германија (Hetzner), се прават резервни копии редовно.

Дали нудите помош при интеграција со софтверот?▾

На почетната страна на апликацијата се достапни видео снимки од работењето со истата. Доколку ви е потребна дополнителна помош може да не контактирате.

Колку време трае поставувањето на софтверот?▾

Доколку имате претходна компјутерска евиденција на артиклите (Excel или друг систем), ние ќе ви ги внесеме во системот. Ако немате, ќе треба рачно да ги внесете артиклите — тоа обично трае околу ден-два, во зависност од големината на магацинот. Ако почнувате од нула, без залиха, можете да бидете подготвени за неколку минути.

Дали може да се користи на телефон или таблет, не само на компјутер?▾

Да — Servisersoft работи целосно преку прелистувач, вклучително на телефон и таблет.

Дали генерира брендирани PDF фактури со логото на мојот сервис?▾

Да — работните налози, историјата на сервисирање и записите за залиха може да се извезат како PDF со вашето лого.

Дали треба да инсталирам нешто, или е целосно веб-базирано?▾

Целосно веб-базирано — не е потребна инсталација. Само најавете се преку кој било прелистувач.